Дома Топ вести Скандал го тресе ПСЖ: Фудбалерка организирала напад на соиграчката за да има поголема минутажа!

Скандал го тресе ПСЖ: Фудбалерка организирала напад на соиграчката за да има поголема минутажа!

Скандал го тресе женскиот фудбалски тим на ПСЖ. Утрово полицијата ја уапсила Амината Дијало која е осомничена дека организирала напад врз соиграчката Кејра Хамруи со цел да има поголема минутажа.

Кејра Хамрауи била нападната минатата недела после вечерата која се организирала во клубот. Нападот се случил додека се враќала дома во друштво на две соиграчи, едната од нив била Дијало.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Две маскирани лица ја извадиле само Хамрауи од автомобилот и со метални шипки почнале да ја удираат по нозете и раце. Интервенирала и брзата помош и фудбалерката веднаш ја пренеле во болницата.

Веднаш на полицијата и станало сомнително што напаѓачите не одзеле ништо, па ја исклучиле можноста за грабеж и истрагата тргнала во друга насока. По неколку дена истрага утрово била уапсена Дијало која наводно го организирала нападот.

Имено, таа и нападната Хамрауи играат на иста позиција, па со ваков начин сакала таа да биде фудбалерката со повеќе минутажа. Дијало вчера беше од првата минута на теренот во мечот против Реал Мадрид, Хамрауи поради нанесените повреди не беше во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…