Дома Луд Спорт СКАНДАЛ: Голман доби црвен картон за одбранет пенал!

СКАНДАЛ: Голман доби црвен картон за одбранет пенал!

Четвртфиналниот натпревар од европското првенство У-17 помеѓу Ирска и Холандија го одбележа контроверзна ситуација за која денес зборува цел свет.

Имено, судијата Здинек Проске ја шокираше ирската репрезентација откако во пенал серијата го исклучи голманот Џими Коркоран. Објаснувањето е дека прерано ја напуштил гол линијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а во пенал серијата Коркоран го одбрани пеналот при резултат 4:4 и славеше се додека судијата не му покажа црвен картон.

Судијата одлучи да го исклучи младиот голман, затоа што ја напуштил гол линијата пред да биди изведен пеналот.

Ситуација која ретко се гледа и ги збуни сите…Погледнете!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…