Дома Фудбал Англија Скандал во Англија: Полицијата упадна во најголемите клубови, уапсен директорот на Њукасл!

Скандал во Англија: Полицијата упадна во најголемите клубови, уапсен директорот на Њукасл!

Повеќе од 180 полицајци на финансиската полиција рано утрово започнаа голема операција која има за цел собирање на докумантацијата на неколку големи фудбалски клубови во Англија.

Според првите извештаи упасени се неколку луѓе, одземена е документацијата на поедини клубови од Премиер лигата и Чемпионшип. Документите кои ги заплени полицијата содржат податоци за плаќање на данок, финансиски трансакции, а одземени се и мобилни телефони и компјутери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓу клубовите кои се најдоа на удар на финансиската полиција се наоѓаат Вест Хем и новиот премиерлигаш Њукасл.

Во извештаите се наведува дека станува збор за голема акција и дека се претресени голем број на фудбалски клубови, а акцијата излегува и надвор од оквирите на Англија, па уапсени се и неколку луца на територијата на Франција.

Сите клубови во чии канцелации утрово упадна финансиската полиција се под сомнение дека прикриваат данок, пренесува „Би-Би-Си“.

Се очекува полицијата во следните часови да отркие нови детали во врска со операцијата која е во тек, како и имињата на сите клубови кои се под сомнение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…