Ракометарката од Норвешка Нора Морк, ги обвини своите машки колеги од норвешката ракометна репрезентација дека гледале и споделувале нејзини голи фотографии.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа афера крена голема медиумска прашина и предизвика голем скандал во Норвешка. Сандер Сагосен ги негираше нејзините тврдења.
„Нора во медиумите нè обвини дека сме гледале нејзини фотографии, дека сме се смееле и сме коментирале во соблекувалната. Тоа дефинитивно не е вистина“, рече Сагосен.
Но, во меѓувреме, експлицитните фотографии на Морк се појавија и на Интернет, па ги објавија и медиумите во Норвешка, со став дека обвинувањата на ракометарката се вистинити.