Дома Фудбал Англија „Скандалозно е тоа што на два дена пред натпреварот ни кажаа дека играме со Тотенхем“

„Скандалозно е тоа што на два дена пред натпреварот ни кажаа дека играме со Тотенхем“

Tренерот на Фулам, Скот Паркер е лут и одлуката тие да играат утре против Тотенхем ја смета за скандалозна.

Астон Вила требаше да биде противник на Тотенхем во утрешниот натпревар во Премиер лигата, но поради голем број позитивни на Ковид-19 во овој клуб Премиер лигата го одложи овој натпревар и реши Фулам да го пополни местото и утре да го игра заостанатиот меч со „петлите“. Се ќе беше во ред ако на Фулам не му беше соопштено дека ќе игра со Тотенхем на само два натпревари пред натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Паркер сега јавно зборуваше и посочи дека таквата постапка не му се допаѓа.

„Лут сум затоа што тоа не е правилно. Никој не може да ми каже дека е правилно. Не мислевме дека може да се случи во понеделник во 9:30 наутро да ни кажат дека во среда играме со Тотенхем. Станува збор за скандалозна одлука“; изави Паркер.

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Фулам претходно беше одложен исто така поради позитивни случаи во Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …