Дома Фудбал Англија Сити ќе одмара три недели, а потоа „пекол“

Сити ќе одмара три недели, а потоа „пекол“

Откако мечот помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем беше одлоѓен поради невреме, „граѓаните“ неочекувано добија одмор од цели три недели помеѓу последниот и следниот меч.

Меѓутоа, потоа тимот на Гвардиола го очекува вистински „хаос“ и пеколна програма. Покрај мечот со Вест Хем, уште еден меч од Премиер лигата треба да биде преместен. Тоа е дуелот со Арсенал на 1-ви март, бидејќи Сити на тој датум ќе игра финале во Лига Купот против Астон Вила.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пеколната програмата за Сити започнува на 22-ри април со гостувањето кај Лестер во Премиер лигата, а само четири дена потоа „граѓаните“ ќе патуваат во Мадрид за дуелот со Реал во ЛШ.

Потоа следи споменатиот меч со Астон Вила, а три дена потоа „граѓаните“ му гостуваат на Шефилд Јунајтед во 1/8 финалето од Купот. УЕФЕ е против натпреварите од Премиер лигата да се играат во неделите кога има ЛШ, па тоа дополнително ќе го оптовари распоредот на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …