Дома Трансфер зона Сити ја одреди цената за Агуеро и ги изненади сите

Сити ја одреди цената за Агуеро и ги изненади сите

Англиските медиуми и понатаму тврдат дека Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе се ослободи од Кун Агуеро и дека аргентинскиот напаѓач не е по негов вкус.

Агуеро неодамна заврши на клупата за резерви, после повредата на Габриел Жесус се врати во првиот тим, но извори блиски до клубот тврдат дека тој статус на Аргентинецот е само привремен.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Јасно е дека Агуеро во година во која се одржува Светското првенство во Русија нема да сака да биде резерва, па следното лето најверојатно ќе го напушти „Етихад“.

Англиските медиуми денес пренесуваат дека „граѓаните“ веќе ја одредиле сумата за Агуеро, а таа сигурно нема да биде проблем за заинтересираните клубови.

Имено, клубот од „Етихад“ бара околу 60 милиони евра за слободата на Аргентинецот, што ќе се сложите, е мала сума во однос на реномето и квалитетите на фудбалерот.

Неколку европски гиганти се заинтересирани за Кун и се спремни да ја платат оваа сума, но сепак проблем би можело да бидат неговата примања, бидејќи напаѓачот заработува 10 милиони евра по сезона.

Реал Мадрид, Интер и ПСЖ се споменуваат како најзаинтересирани клубови за потписот на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…