Манчестер Сити спреми богата понуда за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.
Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ ова лето.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а блесна и на ЕУРО во дресот на германската репрезентација.
26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2023 година, но Аталанта е спремна да го продаде ако пристигне примамлива понуда.
Англиските медиуми пренесуваат дека Сити е спремен да понуди 30 милиони евра плус 10 милиони како бонуси за потписот на Госенс.