Дома Трансфер зона Сити спрема рекорден трансфер во Премиер лигата

Сити спрема рекорден трансфер во Премиер лигата

Манчестер Сити е фаворит за потписот на Џек Грилиш, пренесуваат медиумите на Островот.

Грилиш игра уште една фантастична сезона, а медиумите тврдат дека трансферот може да достигне до 100 милиони фунти.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Астон Вила минатото лето за својот капитен бараше 80 милиони фунти, но откако фудбалерот потпиша нов договор неговата цена се зголеми.

Грилиш е голема желба исто така на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Гвардиола сака да ја победи конкуренцијата.

„Граѓаните“ веќе работат на трансферот, а медиумите тврдат дека се се спремни да ги соборат сите трансфер рекорди во Премиер лигата и да платат 95 милиони фунти за Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…