Дома Трансфер зона Сити понуди 50 милиони – Јувентус кажа НЕ

Сити понуди 50 милиони – Јувентус кажа НЕ

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се спремни на се, но веројатно Јувентус не е расположен за соработка.

„Граѓаните“ како што пренесуваат англиските медиуми испратиле понуда од 50 милиони евра на адреса на клубот од Торино за услугите на Алекс Сандро. Левиот бек наводно е една од најголемите желби на Гвардиола.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај Сандро Манчестер Сити го сака и Леонардо Бонучи, се шпекулира дека англискиот клуб е спремен за овој двоец да понуди и повеќе од 100 милиони. Во Сити веруваат дека Јувентус ќе се согласи и ќе ја прифати понудата со која би можел да вложи во подмладување на оваа екипа.

Брзаљи има 35, Киелни 33, Дани Алвеш 34, на Буфон веројатно му останува уште една година.

Сепак понудата од 50 милиони беше одбиена, Алекс Сандро не е на продажба. Јуве Бразилецот го доведе за 26 милиони евра од екипата на Порто и тоа се покажа како фантастичен потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…