Според пишувањата на италијанските медиуми, Барселона и Манчестер Сити го посакуваат во своите редови играчот на Јувентус, Родриго Бентанкур.
Уругваецот кој ова лето наполни 22 години пристигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017. година за 12,5 милиони евра, но оваа сезона добива мала минутажа кај Маурицио Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходната сезона беше добра за Бентанкур кој одигра 40 натпревари и постигна два гола, а Јувентус на крајот од летниот преоден рок одби понуда од Манчестер Сити.
Во клубот од Торино има вишок на играчи во средниот ред, па тука Бентанкур не може да се избори за поголема минутажа и е спремен да ја промени средината.
Поради тоа Барселона и Сити ја следат целата ситуација и чекаат прилика да тргнат по играчот за врска уште во јануари.