Дома Фудбал Англија Сити доминира во последната деценија во ПЛ, овие бројки го докажуваат тоа (ФОТО)

Сити доминира во последната деценија во ПЛ, овие бројки го докажуваат тоа (ФОТО)

Откако се одиграа последните натпревари во Премиер лигата за 2019 година Англичаните започнаа да ги собираат бројките во изминатата деценија.

Деценијата во Англија помина во знакот на Манчестер Сити кој успеа да освои четири шампионски титули (2012, 2014, 2018 и 2019), Челзи три пати се радуваше Јунајтед два пати и Лестер еднаш.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ако се направи една табела од 2010 до денес прв бил Манчестер Сити со 818 бодови, дури 71 повеќе од Јунајтед и 78 од Челзи на третата позиција.

И кај индивидуалните бројки доминираат играчи на Сити. Серхио Агуеро од 2011 година постигна најмногу голови, 174. Зад Аргентинецот е Хари Кејн, па потоа следува Вејн Руни.

Асистент на деценијата е Давид Силва кој во Сити пристигна во 2010 година и од тогаш запиша 89 асистенции. Силва далеку зад себе го остави Ериксен со 62 и соиграчот Де Брујн со 58. Силва е прв и кога во прашање се креираните шанси за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез направи нешто кон Алонсо што ниту еден тренер на Реал досега не го доживеал

Поминаа речиси два месеца откако Чаби Алонсо официјално беше избран за нов тренер на Реал …