Манчестер Сити го има најскапиот состав во Европа, според податоците на „ЦИЕС“, кој користи специјална методологија за определување на вредноста на играчите.




Фудбалерите на англискиот шампион се проценети на вкупна вредност од 1,28 милијарди евра.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На второто место е Манчестер Јунајтед со вкупна вредност на тимот од 1,214 милијарди евра, а потоа следува Челзи со 946 милиони евра.




Во Топ 5 се уште Барселона (896 милиони) и Баерн Минхен (890 милиони). Она што е интересно е што ѕвездениот тим на ПСЖ се наоѓа дури на 8-то место и е проценет на 808 милиони евра.




Англиската премиоер лига располага со играчи со вкупна вредност од 8.9 милијарди евра, а потоа следува Примера со вредност од 5,3 милијарди евра.