Навивачите на Манчестер Сити се разочарани со одлуката на клубот да им наплаќа месечна чланарина и во текот на паузата.
Пред неколку недели беа прекинати сите фудбалски натпреварувања во речиси цела Европа поради пандемијата на коронавирусот. Уште не е познато кога ќе продолжи сезоната, а во најдобар случај многумина се надеваат дека тоа ќе биде почетокот на мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е дека ова финансиски ќе ги погоди речиси сите клубови, кои веќе пријавуваат големи загуби, па клубовите бараат начин да ја „амортизираат“ загубата.
Навивачите на Манчестер Сити останаа шокирани откако клубот им порача дека ќе им наплати за сезонските билети и за овој месец, иако првенството е во прекин. Тоа предизвика гнев кај фановите, кои сметаат дека тоа не е фер.
Confirmation that #ManCity will still be taking season card direct debit payments next month, when there will be no football. ? https://t.co/JQvwWekD2u
— David Mooney (@DavidMooney) March 30, 2020