Дома Топ вести Сити веќе ја најде замената за Родри

Сити веќе ја најде замената за Родри

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда и ќе паузира до крајот на сезоната.

Поради тоа „граѓаните“ веднаш ја почнаа потрагата по негова замена во зимскиот преоден рок, а англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но Зубименди има откупна клаузула од 60 милиони евра, која Сити е спремен да ја плати.

Шпанецот ова лето го одби Ливерпул, но сега е спремен да се пресели во Премиер лигата и сака да игра за тимот на Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…