Не баш дека Манчестер Сити е “пластичен“ клуб, како што во денешно време ги нарекуваме оние клубови кои преку ноќ со милионските инвестиции станаа велесили, но не е и најпопуларен во светот, а ни во својата земја, за градот може да се отвори дебата.
Манчестер Сити прави се за да покаже дека во самиот Манчестер е повеќе популарен од големиот ривал, Јунајтед, сепак тие нивни напори претрпеа тежок удар кога дознаа дека во јавноста излегол оглас во кој Сити бара инфлуенсери да ги промовираат на друштвените мрежи текстовите за “одличната атмосфера“ на натпреварите во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа таа “одлична атмосфера“ баш и не е толку одлична бидејќи самиот Сити на апликацијата „Tribе“ преку која инфлуенсерите можат да аплицираат за работата.
„Идентификувавме студенти, млади професионалци и оние кои се нови во Манчестер како наша нова идеална публика. Меѓутоа не можеме да го игнорираме тврдото јадро на нашите навивачи бидејќи тие и понатаму ги купуваат најголем дел од влезниците. Сакаме преку инфлуенсери да пренесеме автентична и искрена приказна за тоа како било на натпреварот, како и да објавуваме слики за одличната атмосфера на Етихад“.