Дома Фудбал Репрезентации Сите 109 гола на Роналдо на една фотографија

Сите 109 гола на Роналдо на една фотографија

Кристијано Роналдо со два гола за Португалија ѝ донесе бод против Франција (2-2) во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Напаѓачот на Јувентус постигна пет голови досега на турнирот, а шанса да го зголеми тој број ќе има в понеделник на дуелот против Белгија во осминафиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо стигна до бројката од 109 голови и така го израмни рекордот на Али Даеи и не планира тука да застане. Португалецот има многу жртви, а најмногу страдаа Шведска и Литванија, против кои постигна по седум голови.

Ѕвездата на Јувентус беше расположена и против Андора со шест голови, а по пет им даде на Луксембург, Летонија и Ерменија, додека по четири на Естонија, Фарски Острови, Унгарија и Холандија.

По три им постигна на Белгија, Данска, Северна Ирска, Русија, Шпанија, Швајцарија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан во потрага по нов напаѓач

Милан интензивно бара засилувања во нападот во последните денови од трансфер прозорецот. О…