Фудбалерите на Арсенал вчера претрпеа пораз кај Манчестер Сити со убедливи 3:0.
Главен виновник за поразот на Арсенал беше Давид Луиз кој беше директен виновник за првите два гола, а доби и црвен картон. На сето тоа тој на теренот помина само 25 минтуи бидејќи влезе како резерва во 24. минута на местото на повредениот Пабло Мари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската јавност го чекаше мислењето на Артета за неговиот настап, а еве што имаше да каже Шпанецот.
„Беше искрен во соблекувалната. Моето мислење за него нема да се промени по овој натпревар. Знам каков фудбалер е и нема да го менувам мислењето. Одлуките кои сакавме да ги донесеме пред овој натпревар ќе бидат донесени. Вечерашниот натпревар нема многу да промени“, изјави Артета.
Останува да видиме дали тоа значи дека Луиз ќе добие нов договор.