Дома Фудбал Останато Сирија стави крај на авантурата на Марчело Липи на клупата на Кина

Сирија стави крај на авантурата на Марчело Липи на клупата на Кина

Легендарниот италијански тренер Марчело Липи после поразот на неговата Кина порача дека повеќе нема да биде селектор на оваа репрезентација.

Кина беше поразена од Сирија со резултат 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Овој проаз дојде само еден месец откако Кина ремизираше со Филипини, селекција која е далеку полошо рангирана од Кина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега Кина е на пет бодови зад лидерот во групата, Сирија која има 12 бодови. Кинезите имаат ист број како Филипини кои денес славеа против Малдиви.

Липи после натпреварот беше разочаран и на прес конференцијата најави повлекување.

„Победивме послаби тимови како Гуама и Малдиви, но кога дојде време да играме против нешто подобра селекција како Филипини не ни одеше. Сирија денес беше подобра од нас. Моите годишни примања се високи и ја превземам одговорноста за овој пораз и веќе на сите им најавив дека ќе си поднесам оставка. Повеќе нема да бидам селектор на репрезентацијата на Кина“, изјави Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Петровиќ стана најскапиот српски голман во историјата

Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ си заминува од редовите на Челзи, но остану…