Дома Фудбал Италија Синиша Михајловиќ бил на чекор од клупата на Јувентус!?

Синиша Михајловиќ бил на чекор од клупата на Јувентус!?

Понекогаш е важно и да имаш среќа, но и да бидеш на вистинско место во вистинско време. Веројатно кариерата на Синиша Михајловиќ би имала целосно друг тек…

Јувентус во кариерата на Михајловиќ беше два пати кобен по неговата иднина. Првата ситуација беше кога како тренер на Милан кога по поразот заработи отказ. Пред неколку дена повторно Јувентус беше кобен за српскиот стручњак, овој пат како тренер на Торино.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересно е што малку недостасуваше Михајловиќ да стане тренер на Јувентус и тогаш веројатно и неговата кариера би имало целосно поинаков пат.

Во времето кога Антонио Конте размислуваше дали ќе ја одработи својата последна сезона во Јувентус, Ањели го контактирал Михајловиќ и доколку Конте го дадеше својот отказ во мај, веројатно токму Михајловиќ ќе беше неговиот наследник.

Сепак, сегашниот тренер на Челзи прво одлучи да остане, а потоа поради несогласувањата со управата во врска со трансферите си замина. Тогаш Михајловиќ веќе имаше потпишано договор со Сампдорија, па Јувентус го доведе Масимилијано Алегри кој се покажа како вистински избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…