Дома Трансфер зона Симоне Инзаги одбил понуда од 20 милиони евра по сезона

Симоне Инзаги одбил понуда од 20 милиони евра по сезона

Tренерот на Интер Симоне Инзаги заработува околу 6.5 милиони евра на годишно ниво во Интер, а имал понуда од Саудиска Арабија која била неколку пати повисока.

Во прашање биле 20 милиони евра по сезона која сегашниот тренер на Интер ја одбил.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Понудата пристигнала од клубот на Кристијано Роналдо, Ал Наср. Инзаги не сакал да си замине од Интер и сметал дека има недовршена работа во Милано.

Инаку, покрај Роналдо во Ал Наср игра и Марсело Брозовиќ кој веќе соработуваше со Инзаги.

Сегашниот договор кој го има Италијанецот со „нероаѕурите“ важи до 2026 година, но неодамна се најавуваше дека може да дојде до продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…