Дома Останати Тенис Симона Халеп издоминира и се пласира во финалето на Вимблдон

Симона Халеп издоминира и се пласира во финалето на Вимблдон

Симона Халеп се пласираше во финалето на Вимблдон откако денес ја победи Елина Свитолина со 2:0 во сетови.

Халеп која во последно време не беше баш во најдобра форма, одигра одличен турнир и без проблеми ја совлада последната препрека до патот на финалето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поранешната прва тенисерка во светот славеше со 6:1 и 6:3 после само еден час и 14 минути игра. Во финалето ќе игра против подобрата од мечеот Серена ВилијамсБарбор Стрикова.

Инаку, ова за Халеп е прво финале на Вимблдон, а во текот на кариерата освои еден Грен Слем и тоа пред една година во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз за прв пат загуби оваа сезона, по 16 победи и …