Дома Македонски спорт Мак фудбал Симов пред дуелот со РФС Рига: Свесни сме дека немаат пораз 22 натпревари, но на топлото време нив може да им биде потешко

Симов пред дуелот со РФС Рига: Свесни сме дека немаат пораз 22 натпревари, но на топлото време нив може да им биде потешко

Освојувачот на македонскиот куп, Македонија Ѓорче Петров утре попладне ќе од 17:30 часот ќе игра против летонската РФС Рига, а на денешната прес-конференција тренерот Горан Симов го најави дуелот.

Летонците ќе ја имаат улогата на фаворити, но Симов верува дека неговиот тим може до поволен реузлтат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го анализиравме противникот и свесни сме за квалитетот кој го поседува Рига. Имаат голема дициплина и индивидуално се на високо ниво. Свесни сме дека немаат пораз, затоа мора да сме мудри и силни. Противник ќе ни биде и топлото време, но нив ќе им биде уште потешко. Секоја екипа има добри и лоши страни, а ние тие лоши страни ќе се обидеме да ги искористиме за поволен резултат“, изјави стратегот на „лавовите“.

РФС е 22 натпревари без пораз и капитенот Филип Мишевски смета дека е време тие да им го нанесат првиот.

„Мора да бидеме организирани и да дадеме сѐ од себе. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“, изјави Мишевски.

Натпреварот се игра на тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…