Ова лето Диего Симеоне го скрати договорот со Атлетико Мадрид, а медиумите тоа веднаш го протолкуваа како најава за негово заминување од „Винсенте Калдерон“.
Сепак, аргентинсиот стратег веќе планира следни засилувања за тимот и најверојатно не размислува за заминување од Атлетико.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Имено, Симеоне беше снимен на терасата на еден ресторан како со пријателите разговара за играч кој сака да го доведе во својот тим.
„Како да е на електирчен погон, тој е иднината. Кога шутира тоа е навистина прекрасно“, рекол Симеоне за „мистериозниот“ играч чие име веднаш го открија шпанските новинари.
Медиумите тврдат декса станува збор за неговиот сонародник Пауло Дибала, но шансите за Симеоне да го доведе во Атлетико се многу мали бидејќи напаѓачот наскоро ќе потпише нов договор со Јувентус.