Диего Симеоне донесол конечна одлука за својата иднина и ќе остане на клупата на Атлетико Мадрид до 2018 година, пренесува мадрдискиот весник „АС“.
Весникот тврди дека аргентискиот стратег го одбил Арсенал, а исто така нема во скоро време да се враќа во Италија каде го бараат Интер и Јувентус.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Симеоне работи со раководството на клубот на новите трансфери што треба да се реализираат во летниот преоден рок, а испланирана е и летната турнеја во Мексико и во САД.
За одлуката на Симеоне да остане во Атлетико клучна улога одиграл и фактот што Аргентинецот сака да ги предводи „јорганџиите“ на новиот стадион.