Дома Фудбал Останато Симеоне демантира: Не сум зборувал со никого од Арсенал

Симеоне демантира: Не сум зборувал со никого од Арсенал

Тренерот на Атлетико Мадрид ги демантираше гласините дека преговара со Арсенал како потенцијален наследник на Арсен Венгер,

Медиумите го истакнаа Аргентинецот како еден од потенцијалните кандидати за наследник на Арсен Венгер како нов менаџер на клубот од Лондон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум разговарал со никого од Арсенал. Уживам во Атлетико. Првата работа која ми паѓа на памет поврзана со Венгер е воодушевување. Себе си се гледам како млад тренер кој треба да учи од него. Статусот кој го има во фудбалот е неверојатен“, изјави Симеоне.

Атлетико денес му гостува на Арсенал во Лондон во борбата за пласман во финалето од Лигата на Европа, а Симеоне смета дека Месут Озил е фудбалерот кој мора да го неутрализира.

„Тој е фудбалер со неверојатна визија. Тој ја диригира брзината на транзицијата на Арсенал. Сигурно дека е еден од нивните најважни играчи“, изјави Симеоне.

„Јорганџиите“ во натпреварот влегуваат после само еден освоен бод и без постигнат гол во последните два натпревари во Ла Лига.

„Откако дојдов во Атлетико тимот многу напредуваше. Се надевам дека ќе играме опуштено против Арсенал. Потребна ни е храврост за да обезбедиме пласман во финалето“, изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…