Атлетико Мадрид од гостувањето кај Арсенал во полуфиналето од Лигата на Европа носи фантастичен резултат, посебно ако се знае дека „јорганџиите“ од 10 минута играа со играч помалку, а нешто подоцна беше исклучен и Диего Симеоне.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне после натпреварот ги пофали своите играчи бидејќи со 10 играчи против силен противник покажаа голема борбеност и издржливост.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симеоне потсети на натпреварот од Лигата на шампионите пред две години. Тогаш беше исклучен Фернандо Торес, но Атлетико и покрај тоа го преживеа тешкото гостување, а потоа помина и во следната фаза.
„Да, преживувавање. Тоа е вистинскиот збор за она што го направивме против Арсенал. Многу е тешко да се игра на гостински терен со 10 играчи против тим каков што е Арсенал. Против себе имате напаѓачки тим, одличен стадион и спектакуларен тренер. Но, начинот на кои се поставија моите играчи е фантастичен. Тимот не се штедеше ниту една минута и тоа е она најубавото во фудбалот“, изјави Симеоне и за крај „поентираше“:
„Вие луѓе не знаете колку е тешко да се браните. Играњето фудбал е забавниот дел од оваа работа, се трудите да изгледа убаво. Но да се браните 80 минути со десет играчи…Е, за тоа ви се потребни му*а“, заврши Аргентинецот.
Simeone lauding his team as heroes. "You guys have no idea how hard it is to defend and defend like that. Playing is the fun part. But defending like that for so long takes balls."
— Matt Dickinson (@DickinsonTimes) April 26, 2018