
Актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид покажува силен интерес за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, пренесува „АС“.




Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Атлетико веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Симеоне го сака дефанзивецот во јануари, додека Фиорентина не сака да го пушти на средина од сезоната и инсистира да го задржи до лето.




Атлетико сака да ја победи конкуренцијата и уште сега да го договори трансферот, а „јорганџиите“ во моментов му нудат најдобри финансиски услови во однос на другите заинтересирани клубови.