Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне ги изненади сите: Облак и Куртоа се најдобри во светот

Симеоне ги изненади сите: Облак и Куртоа се најдобри во светот

simeone

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне откри кои двајца голмани според него се најдобри во светот.

Диего Симеоне ги смета Јан Облак и Тибо Куртоа за најдобри во светот на својата позиција. Да потсетиме, Словенецот Облак пристигна како замена за Тибо Куртоа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипите на Атлетико и Челзи вечерва ќе се сретнат на „Ванда Метрополитано“ во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

„Куртоа и Облак се најдобрите голмани во светот. Облак воопшто не зоастанува зад Куртоа и двајцата се на врвот“, изјави Диего Симеоне.

Долгогодишниот тренер на „јорганџиите“ смета дека прекините вечерва можат да бидат од големо значење за неговиот тим.

„Прекините можат да бидат важен дел од вечерашниот натпревар. Хозе Марија Хименез е важен фудбалер за нас бидејќи може да игра на повеќе позиции во одбраната. Кога тој игра како бек, ние всушност имаме тројца централни дефанзивци и сме многу подобри во скок играта“, заврши популарниот, Чоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…