Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс попушти во финишот, Партизан ги казни грешките 🎥

Силекс попушти во финишот, Партизан ги казни грешките 🎥

Tимот на Силекс денес одигра пријателски натпревар против Партизан на припремите во Анталија, Турција.

Силекс добро се држеше, во првото полувреме на моменти изгледаше како да ја има контролата над натпреварот, сепак при крајот на вториот дел беше скршен отпорот на Кратовци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 66. минута Асано избега на одбраната и го помина голманот Божиновски. Истиот играч на во 80. минута прилично лесно не бранет од својот чувар шутираше од непосредна близина, Божиновски немаше шанси да реагира.

За конечните 3:0 се погрижи Миловановиќ кој ја искористи катастрофалната грешка на Божиновски кој се обиде да дрибла и ја изгуби топката.

Ќе споменеме дека денес пријателски натпревар одигра и екипата на Пелистер која во Охрид ремизираше со Јагодина 2:2. Во овие моменти (со почеток од 15:00 часот) Академија Пандев во Анталија игра против Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

На „Комити“ им било јасно кажано: Миленко мора да биде во клубот – во спротивно клубот нема да постои!

„Комити“ денеска ја одржаа најавената прес-конференција на која објаснија како стојат рабо…