Дома Фудбал Се уште нема договор: Рамос го шокира Реал

Се уште нема договор: Рамос го шокира Реал

Сагата околу одлуката за продолжување на кариерата на Рамос се уште трае.

Имено, како што наведуваат шпанските медиуми, Рамос се уште нема донесено конечна одлука за иднината. Неговиот договор истекува на лето, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Марка“ пренесува дека Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос.

Тој очекувал дека договорот ќе биде продолжен до летото 2023 година со оглед на улогата што ја има на теренот и во соблекувалната.

Притоа, 34-годишнит дефанзивец бара плата од 12 милиони евра по сезона, сума која Реал смета дека е превисока во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…