Дома Фудбал Англија Се спрема „чистка“ во Јунајтед: Пред заминување се 15 фудбалери

Се спрема „чистка“ во Јунајтед: Пред заминување се 15 фудбалери

Според најавите од медиумите на Островот во Манчестер Јунајтед се планираат големи промени, а клубот би можеле да го напуштат дури 15 фудбалери.

Најавите се дека во најскоро време Сер Џим Ретклиф ќе купи 25% од акциите на клубот и ќе го преземе раководењето на фудбаклсите операции. Со неговото доаѓање се најавуваат и нови директори.

„Дејли Стар“ пренесува дека во следните два преодниот рока во 2024 година, Манчестер Јунајтед може да го напуштат 15 фудбалери.

Едно од првите имиња секако е Џејдон Санчо кој е „отпишан“ поради „војната“ со Тен Хаг. Рафаел Варан и Антони не се на нивото, па се најавува и нивно заминување.

Гринвуд е на позајмица во Гетафе и за него нема иднина на „Олд Трафорд“, исто како и за Дони Ван Де Бек, Марсијал и Том Хитон.

Нов договор нема да добие Џони Еванс, а клубот нема намера за перманентни трансфери на Софијан Амрабат и Серхио Регулион. Се најавува и продажба на млади фудбалери со цел да се соберат финансиски средства за нови засилувања.

Така клубот би требало да го напуштат и Брендон Вилијамс, Алваро Фернандез, Шола Шортир, Вил Фиш, Џо Хагил…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …