Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да направи одредени промени во екипата, а најпрво ќе се ослободи од непотребните играчи, и тоа се Марко Асенсио, Алваро Одриозола, мариано Диаз и Дани Себалјос.
„Мундо Депортиво“ објави дека на лето без договори ќе останат ѕвезди како Карим Бензема и Лука Модриќ, а „кралевите“ сакаат да им ги продолжат договорите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асенсио има договор до крајот на сезоната и уште во јануари може да почне преговори, исто како и Себалјос.
Одриозола има договор до 2024 година, но јасно е дека ќе биде прекината неговата соработка, додека четврти на листата е Мариано Дијаз кој беше платен 21,5 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.