Арсенал сака да продаде девет фудбалери до крајот на летниот преоден рок за да собере 115 милиони евра, а потоа да купи дефанзивец затоа што тренерот Микел Артета остана без услугите на Јуриен Тимбер кој се повреди.
Најголема желба на Артета е Марк Гуехи од Кристал Палас, но за да се реализира трансферот ќе му бидат потребни финансиски средства кои ќе ги заработи со продажба на дел од играчите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На листата за отстрел се Киеран Тирни, Алберт Самби Лконга, Нуно Тавареш, Фоларин Балогун, Роб Холдинг, а ги има и Николас Пепе, Седрик Соареш и уште неколкумина.