Дома Трансфер зона Се спремаат промени во Јувентус: Какви се желбите на Алегри?

Се спремаат промени во Јувентус: Какви се желбите на Алегри?

Јувентус во наредниот период ќе направи се за да се врати на врвот во Италија. „Старата дама“ после деветте титули во низа во првенството, остана без Скудето во последните две. Навивачите се лути, најмногу поради начинот на кои Јувентус играше во овие две сезони.

Алегри има договор на три години вреден девет милиони евра по сезона и сигурно ќе добие шанса да ја започне и новата сезона, а претходно ќе се обиде да ги добие засилувањата кои ги посакува. Како што најавуваат италијанските медиуми Алегри посакува барем по едно засилување во сите линии.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Во одбраната како замена за Киелини мета е Кулибали, но тој е тешка мисија. Повеќе реално е да се очекува да дојде не толку звучно име, се споменуваше Ачерби, па дури и враќање на Демирал ако Аталанта не го откупи. Многу ќе зависи и од заминувањето на Ругани.

Отворено е и прашањето за левата страна, се шпекулираше за Костиќ од Ајнтрахт, но тука преговорите не се започнати. Се размислува и за Грималдо од Бенфика, меѓутоа прво ќе мора да се продаде Лука Пелегрини, Алекс Сандро тешко дека ќе сака да си замине и да се откаже од шест милиони евра по сезона.

За десната страна опција е Молина од Удинезе, но оваа позиција и не е така слаба во Торино затоа што тука се Де Шиљо, Данило и Квардадо.

Во средниот ред навивачите го чекаат Погба, Ди Марија како што стојат работите сега е поблиску до Барселона. За нападот директорот Черубини отпатува во Мадрид да преговара околу Мората од кого Алегри не сака да с еоткаже. Кин не е по „мерка“ на Алегри, а како алтернативи за Влаховиќ се споменуваат Симеоне или Арнаутовиќ. Се најавуваше и Распадори од Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …