Ѕвездата на Кливленс и еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс на крајот на сеозната 2017/18 би можел да се пресели во Хјустон, тврдат американските медиуми.
Според најновите информации клубот од Тексас сака додатно да го засили тимот во кој летово пристигна Крис Пол од ЛА Клиперс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голем адут на „ракетите“ во убедувањето на Леброн Џејмс се одличните резултати оваа сезона, но и Ол-стар тандемот Харден – Пол.
Американските медиуми пишуваа дека инетрес за Леброн покажуваат уште ЛА Лејкерс и Филаделфија, но и сегашниот негов клуб ќе направи се за да го задржи во Охајо.
Report: Rival executives believe Rockets are legitimate threat to sign LeBron Jameshttps://t.co/pwvp0qtOdK pic.twitter.com/pbfOrZQ2Ms
— CBS Sports NBA (@CBSSportsNBA) December 10, 2017
32-годишниот Џејмс на крајот на сезоната ќе биде ограночено слободен агент и како што стојат работите нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот со Кливленд.
„Кралот“ оваа сезона им просек од 28,3 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.