Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Се случува ли нешто? Погледнете што му направи Монтела на Ѓулер 🎥

Се случува ли нешто? Погледнете што му направи Монтела на Ѓулер 🎥

Aрда Ѓулер одигра одлично за Турција и беше еден од најзаслужните за победата против Грузија во првото коло, а на големо изненадување остана на клупата во второто коло против Португалија, меч кој Турција го загуби.

Ѓулер на овој натпревар влезе во второто полувреме кога Турција веќе беше во тешка ситуација. Тренерот Винченцо Монтела на прес-конференцијата изјави дека сакал Ѓулер да се одмори бидејќи постоел ризик од повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, по последната ситуација на тренингот на Турција навивачите се прашуваат дали има вистина во оваа изјава на италијанскиот стратег.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Монтела го испраќа Ѓулер сам да тренира и му го одзема маркерот, а комуникацијата не изгледаше како срдечна, можеше и да се забележи дека младиот фудбалер е изненаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Рубен Аморим – најслабиот менаџер на Манчестер Јунајтед по Втората светска војна

Манчестер Јунајтед последните години тоне сè подлабоко и сè потешко е да се утврди кој е н…