Дома Фудбал Се случи (не)возможното: Играчот од 180 милиони евра стана резерва!

Се случи (не)возможното: Играчот од 180 милиони евра стана резерва!

Oна што до пред некое време изгледаше невозможно – се случи! Играчот за кого Барселона плати 135 милиони евра со можност со дополнителни бонуси трансферот да достигне вредност од 180 милиони евра го изгуби местото во стартните 11 на Барселона.

Локалните медиуми се едногласни: Фелипе Кутињо нема да стартува против Реал Мадрид во натпреварот од Копа Дел Реј.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Секако, големите тимови често пати мораат да ги ротираат играчи бидејќи играат голем број натпревари во сезоната. Но, овде не станува збор за тоа. Каталонски „Спорт“ пишува дека Ернесто Валверде морал да го прифати тоа дека не така одамна најдобриот играч на Ливерпул не се снаоѓа покрај Лионел Меси и Луис Суарез.

Всушност, во 2019 година Кутињо има само осум лигашки натпревари и само една асистенција!? Во шпанскиот куп има три гола, еден во поразот од Леванте и два во канонадата против Севиља. Секако, премалку за играч со таква цена и такво педигре. Оваа сезона на 36 натпревари собра само осум голови и пет асистенции, во Примера на 23 натпревари четири гола и уште два наместени.

И што е полошо, се добива впечаток дека Кутињо се мачи поради што на големо се шпекулираше и дека Барселона ќе го продаде, а јасно е дека Каталонците ќе имаат голема финансиска загуба.

Каталонските медиуми убедуваат дека покрај Меси и Суарез против Реал ќе игра Осман Дембече. Не е во прашање ротација, туку проценка дека Дембеле во овој момент може повеќе да покаже. За еден фудбалер воопшто не е добро кога тренерот на Барселона се одлучува да го стави на клупата во најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал.

Рака на срце, само пет дена после реваншот во купот Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите во првенството, па можеби тогаш Кутињо ќе има повеќе среќа? Се зависи од тоа како утре Дембеле ќе се покаже во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…