Дома Фудбал Останато Се сеќавате на Макси Родригез? За 40. роденден доби прекрасен подарок

Се сеќавате на Макси Родригез? За 40. роденден доби прекрасен подарок

Љубителите на европскиот клупски фудбал сигурно многу добро се сеќаваат на Макси Родригез, поранешниот репрезентативец на Аргентина.

Родригез десетина година играше во Европа. Започна во Еспањол, додека славата ја стекна како играч на Атлетико Мадрид и Ливерпул.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кариерата тој ја започна во Њуелс Олд Бојс, а за 40. роденден доби навистина убав подарок.

Имено, во Њуелс одлучија една од трибините на стадионот „Марсело Биелса“ да го носи името на Макси Родригез.

За Њуелс Родригез настапуваше од 2012 до 2017 година, а во матичниот клуб се врати во 2019 година и се уште го носи дресот на „црно – црвените“ од Росарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…