Дома Трансфер зона Се сеќавате на Лусио? Денес потпиша за четвртолигаш

Се сеќавате на Лусио? Денес потпиша за четвртолигаш

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и Интер, Лусио иако наскоро ќе влезе во петатта деценија, денес пронајде нов клуб.

39-годишниот бразилски фудбалер се уште е активен и потпиша договор со бразилскиот четвртолигаш Гама.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интересно, Лусио беше без клуб од крајот на минатата година кога го напушти индискиот клуб Гоа, а од Гама денес изјавија дека ќе биде платен благодарение на спонзорот „GoalManage“.

Потсетуваме, Луисио кариерата ја започна во Интернационал, а прва европска екипа му беше Баерн Леверкузен. Најголемата афирмација ја постигна во Баерн Минхен, а најголемиот успех во Интер. Потоа имаше кратка епизода во Јувентус, па се врати во Бразил каде настапуваше за Сао Паоло и Палмеирас.

За бразилската репрезентација има 105 одиграни натпревари и 4 постигнати гола…очигледно не знае да каже крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…