Вторник би можел да биде денот кога екипата на Милан ќе ангажира нов фудбалер.
Шпанската „Марка“ вечерва објави дека Борха Валеро во текот на утрешниот ден, вторник, би требало да отпатува во Милано и да го реализира трансферот во редовите на италијанскиот клуб.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Фудбалерот на Фиорентина веќе соработуваше со Виченцо Монтела и токму тој веројатно е главен иницијатор за доведување на овој фудбалер.
Покрај тоа се наведува и дека Милан за услугите на Валеро би платил околу 10 милиони евра. Да потсетиме, екипата на Милан веќе во своите редови доведе четворица нови фудбалери, Кеси, Мусакио, Родригез и Андреа Силва.