Ќе има различни коментари, а победникот изгледа е веќе познат.
Изгледа нема дилеми, ниту Кристиано Роналдо, ниту Антоан Гризман нема да се појават вечерва во Париз. Италијанските новинари тврдат дека овие двајца завршиле на втората и третата позиција, зад Лука Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, како и напаѓачот на Атлетико нема да се појават, Роналдо не се појавуваше на двете претходни церемонии на кои Модриќ беше прогласен за најдобар од ФИФА и УЕФА.
Ќе потсетиме Гризман тврдеше би било голем срам доколку ова престижно признание не заврши во рацете на некој негов сонародник.
Тој ја освои ЛЕ, но тоа не е доволно, на Мбапе изгледа му недостасува клупскиот успех, додека и Варан за кого многу се зборуваше сепак ќе остане надвор од подиумот.
Ништо не е официјално, но поредокот се очекува да биде Модриќ, Роналдо, Гризман. Во таква ситуација ќе биде прекината десетгодишната доминација на Меси и Роналдо.
Ќе потсетиме, последен играч кој ја освои оваа награда пред Меси и Роналдо е Рикардо Кака во 2007 година.
Pallone d’Oro: Cristiano Ronaldo, secondo classificato, non andrà alla cerimonia di premiazione a Parigi
— Alessandro Alciato (@AAlciato) November 30, 2018