Една од најголемите трансфер саги ова лето беше можниот трансфер на Кутињо од Ливерпул во Барселона.
Каталонскиот гигант после продажбата на Нејмар беше очаен и направи се што можеше за да ги задоволи апетитите на своите навивачи. Сакаа да донесат едно големо засилување, а најголемата желба беше токму Кутињо.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Барселона се обиде со неколку понуди, а највисоката наводно била над 100 милиони евра, но Ливерпул едноставно не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда.
Сега, три недели по завршувањето на преодниот рок се појави мејлот со кој челниците на Ливерпул ја замолуваат Барселона да го остави Кутињо на мир.
„Пријателски ве молиме да престанете да го малтретирате Кутињо јавно и приватно. Нема таква сума која ќе не натера да го смениме мислењето“, напишале „црвените“.
Епилогот го знаете сите, Кутињо остана на „Енфилд“, а Барса официјално соопшти дека трансферот пропаднал бидејќи Ливерпул барал преголема сума за неговиот потпис.