Дома Останати Тенис Се појавија фотографии од исчезнатата кинеска тенисерка

Се појавија фотографии од исчезнатата кинеска тенисерка

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг (35) исчезна откако јавно го обвини поранешниот заменик премиер на Кина Жанг Гаоли (75) дека ја сил*вал.

Откако ги изнесе обвинувањата, Пенг исчезна, а многумина сметаат дека нешто и се случило. ВТА организацијата и бројни нејзини пријатели се обидуваа да добијат било каква информација. Пред неколку дена се појави твит во кој ги повлекува обвинувањата и тврди дека е добро, меѓутоа многу се сомневаа во таа порака.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега кинеските власти преку државната телевизија објавија три фотографии на која Пенг е насмеана.

„Пенг Шуаи само што објави свои фотографии и ни посака на сите пријатен викенд. Пријателите ги споеделија овие фотографии“, напиша Шен Шиевеи од државната телевизија.

Сепак и ова не е убедливо и ретко кој е сигурен дека ова се сегашни фотографии, а ако се сегашни не е исклучена можноста да се присилно направени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешки сцени на Вимблдон. Димитров не можеше да му ја пружи раката на Синер поради болка

Јаник Синер стана последниот четвртфиналист на машкиот дел од турнирот на Вимблдон откако …