Дома Фудбал Останато Се повреди уште едно засилување на Јувентус!

Се повреди уште едно засилување на Јувентус!

Новиот фудбалер на Јувентус Николас Гонзалес се повреди утрово во настапот за Аргентина против Чиле во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

Аргентина го победи Чиле со 3:0 во Буенос Аирес, а Гонзалес ја напушти играта во вториот дел поради повреда на скочниот зглоб, објавија италијанските медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првично се претпоставуваше дека станува збор за повреда на мускулот, но неколку извори, меѓу кои и „ДАЗН“, јавуваат дека 26-годишникот го повредил зглобот.

Не е познато дали Гонзалес веднаш ќе се врати во Торино или ќе остане во репрезентацијата на Аргентина која во вторник на 10 септември игра против Колумбија.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по натпреварот изјави дека е рано да се знае дали Гонзалес ќе биде подготвен за следниот натпревар.

Минатиот викенд Гонзалес дебитираше за Јувентус, каде неодамна пристигна од Фиорентина, кога на теренот влезе од клупата во ремито 0:0 против Рома.

Да потсетиме, пред два дена се повреди и Португалецот Франциско Консеисао, кој исто така во преодниот рок го засили Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…