Дома Останати Тенис Се пензионира тенисерот кој го одигра најдолгиот меч во историјата

Се пензионира тенисерот кој го одигра најдолгиот меч во историјата

Aмериканецот Џон Иснер (38) кој на Вимблдон во 2010 година го одигра најдолгиот тениски меч во историјата се повлекува од професионалниот тенис со настапот на УС Опен.

Иснер пред 13 години на Вимблдон го победи Николас Мау со 6:4, 3:6, 6:7 (9), 7:6 (3), 70:68 во 11 часа долг епски меч кој се играше во три дена.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„По повеќе од 17 години на АТП турнирите дојде време да се простам од професионалниот тенис. УС Опен ќе биде мој последен турнир“, објави Иснер.

Иснер беше четвртфиналист на УС Опен во 2011 и 2018 година. Исто така тој е најдобриот сервер на АТП турнирите со 14.411 асови, беше најдобро рангиран Американец девет години во низа (од 2012 до 2020) сезоната ја завршуваше во првите 20 на АТП листата.

Освои 16 АТП титули во поединечна конкуренција и осум во двојки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер без проблеми до второто коло на Вимблдон!

Најдобриот тениски играч во светот, Јаник Синер, лесно обезбеди пласман во следната фаза н…