Селекторот на шпанската тениска репрезентација Давид Ферер вчера објави дека Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе играат во двојки на Олимписките игри во Париз, а сега откри уште една работа – Рафа сепак нема да игра Вимблдон.
Шпанскиот тим имаше презентација пред медиумите, кога Ферер откри дека Надал нема да учествува на Вимблдон, бидејќи целиот негов фокус е на Париз и Олимписките игри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради ова, тој нема да игра на трева, туку ќе тренира само на земјена подлога, а не сака да ја менува подлогата бидејќи се плаши дека тоа би можело да му направи проблем поради физичката форма во која се наоѓа.
Надал подолго време се мачи со повредата на коленото, па така во договор со својот тим одлучи да го „жртвува“ Вимблдон и да се појави во Париз.