Дома Фудбал Се пензионираше иконата на Билбао: Фудбалот ве остава, пред вие да го оставите!

Се пензионираше иконата на Билбао: Фудбалот ве остава, пред вие да го оставите!

Aртиз Адуриз, иконата на Билбао и шпанскиот фудбал денес објави емотивно писмо на друштвените мрежи во кое се прости од фудбалот.

Овој легендарен 39 годишен играч кариерата требаше да ја заврши во баскиското дерби против Сосиедад во финалето од купот на кралот, но коронавирусот му ги расипа плановите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дојде и тој момент. Многу пати повторував дека фудбалот ве остава пред вие да го оставите него…Вчера докторите препорачаа да одам на операција, подобро порано отколку подоцна за да вградам колк и да се обидам колку-толку да водам нормален живот“.

„За жал моето тело кажа доста. Не можам да им помогнам на моите соиграчи како што сакам и како што тие заслужуваат. И ова е дел од животот на професионалните спортисти. Едноставно, многу едноставно…За жал се сооочуваме со многу сериозна ситуација. Пандемијата нанесе голема штета, заедно ќе продолжиме да се бориме“.

„Поради тоа, не се грижете за мене…Да заборавиме на крај од бајките бидејќи ќе има време да се прости. И да, дојде време да кажам збогум. За мене ова крај, крај на мојот пат, незаборавен и прекрасен од почетокот до крајот. Ви благодарам многу“, порача Адуриз.

Адуриз во својата богата кариера долга две децении не играше само за клубот од „Сан Себастијан“, но за Атлетик настапи на повеќе од 400 натпревари и постигна 172 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…