Дома Видео Билбао објави видео од славјето во соблекувална после победата над Барселона

Билбао објави видео од славјето во соблекувална после победата над Барселона

Адуриз во февруари оваа година наполни 38 години, но голгетерот на Атлетик Билбао не загубил ништо од своите фудбалски вештини.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Синоќа со дуелот Атлетик Билбао и Барселона на Сан Мемес беше отворена новата сезона во шпанска Ла Лига, а ѕвезда на вечерта беше Адуриз.

Адуриз влезе во игра во 88 минута, при резултат 0:0, а веќе во следната минута постигна мајсторски погодок со ножички за победа на својата екипа.

Навивачите на Атлетик Билбао уште еднаш беа сведоци на мајсторија од легендата на својот клуб, а имуни на неговиот магичен погодок не останаа ниту соиграчите.

Така, Адуриз имаше убав пречек при влегувањето во соблекувалната после натпреварот.

Сите кои беа во соблекувалната му честитаа, со аплаузи и овации, а видео од атмосферата објави Билбао на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Официјално: Един Терзиќ најде нов клуб, ќе работи во Шпанија

Фудбалскиот клуб Атлетик Билбао објави дека германскиот тренер Един Терзиќ потпишал нов до…