Дома Фудбал Англија Се огласи фудбалерот кој беше наднат од навивач во дербито: Најдобриот ден во мојот живот! (ВИДЕО)

Се огласи фудбалерот кој беше наднат од навивач во дербито: Најдобриот ден во мојот живот! (ВИДЕО)

Младиот Англичанец сепак носи позитивни впечатоци од вчерашното дерби помеѓу Бирмингем и Астон Вила.

Во вчерашното дерби во Чемпионшип беше видена една неверојатна сцена уште на почетокот на натпреварот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


На самиот старт на натпреварот во десетата минута, фудбалерот на Астон Вила Џек Грилиш беше нападнат од страна на еден навивач на Бирмингем кој влезе на теренот.

Меѓутоа во продолжение Грилиш се одмазди на најдобар можен начин, постигна гол со кој донесе победа за Вила во дербито.

„Ова беше најдобриот ден во мојот живот. Го постигнав одлучувачкиот гол и донесов победа на мојата Вила со капитенската лента на раката. Не верувам дека постои подобра комбинација за денес ако сте навивач на Астон Вла како мене. Секакви работи се случуваат во фудбалот, но за ваквите инциденти не треба да има место на теренот. Меѓутоа, после тоа јас си ја завршив работата и постигнав убав погодок“, изјави Грилиш.

https://youtu.be/IE_nWBaweSs

Секако потег за пофалба на Грилиш поради реакцијата на нападот. Младиот англиски фудбалер очигледно созреал со оглед на тоа дека на почетокот на кариерата често пати неговото име се наоѓаше на насловните страни во медиумите на Островот поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мaреска во проблеми поради повреда на ѕвезда која ќе пропушти голем дел од сезоната

Нешто повеќе од седум дена пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, дојдоа многу …